Савески: Паднаа маските, Апасиев одработува за фотелја!

by fokus

Откако крилото на Левица, предводено од Димитар Апасиев, ја прифати поканата за средба со кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Гордана Силјановска, со коментар се јави Здравко Савески, како предводник на другата фракција во партијата, обвинувајќи го Апасиев дека одработува за функција.

-Паднаа маските! Пред изборите кажавме дека Апасиев изврши пуч во Левица преку фалсификување документи за Левица да ја поддржи Силјановска на изборите, а Апасиев потоа да фати некоја фотелја. И, како што гледаме, Апасиев почна да одработува за фотелјата.

Сега Апасиев се фали дека го добил спорот за Левица. Тој доби во политички монтиран процес во кој судот ја темели својата одлука на такви „несоборливи“ правни аргументи како уважување на мејл наместо на записник со потпис и печат. Конкретно, за судот е меродавен мејлот на еден член на Президиумот на Левица во кој се дава оставка, наместо да биде меродавен записникот од седницата на ЦК, со печат и потпис, од кој се гледа дека оставката е повлечена. Во врска со ваквата срамна одлука на судот, Левица ќе поднесе жалба до апелација.

ВМРО Апасиева, а не Левица, ја поддржа Силјановска. Левица не дава поддршка ниту за неа ниту за Пендаровски. Во недела граѓаните ќе им влепат уште потежок шамар од корумпираните врхушки на СДСМ-ДУИ-ДПМНЕ, негласајќи за нивните кандидати!, вели Савески.

Поврзани новости