САД одобри трета доза „Фајзер” за деца од 12 до 15 години

by fokus

Американските здравствени власти одобрија трета, засилувачка доза на антиковид вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години.

Периодот помеѓу аплицирање на втората и третата доза на вакцината е намален од шест на пет месеци, пренесува српската агенција Бета.

Одлуката е донесена поради зголемениот број на позитивни случаи на омикрон сојот, во период кога учениците треба да се вратат во училиште, по распустот.

Американската агенција за лекови (ФДА) исто така ја одобри третата доза од вакцината на „Фајзер“ за деца со послаб имунитет од пет до 11 години. Во таа група спаѓаат и деца кои имаат трансплантација на орган.

Поврзани новости