Ременски: На Русковска, судењето на Јанева за непрофесионален однос со Боки- 13, сега и се враќа како бумеранг!

by fokus

На денешно рочиште за случајот “Меѓународен сојуз”, обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 побара иземање на обвинителката Вилма Русковска, а кон истото барање се приклучи и Фросина Ременски. Јовановски барањето го поткрепи со докази добиени од неговиот телефон, односно се повика на меѓусебна комуникација со обвинителката, која според него, му откривала детали за истраги.

Ременски појаснува дека таа веќе има поднесено барање за изземање на обвинителката, но и сега се приклучува кон барањето на Јовановски.

-Пред почетокот на овој судски случај прва побарав да биде изземена ЈО Русковска од предметот, заради дотогаш очигледни пречекорувања на своите овластувања. Во јануари поднесов кривична пријава за незаконскиот претрес вп дом под директна команда на ЈО Русковска по која се води предмет во ЈО Скопје, а на 17 Јуни претставка до Советот на ЈО и до државниот обвинител Јовевски. Ова што го слушнав денес во Суд е дополнителен аргумент-нова околност која зборува не само за непрофесионалниот однос на ЈО Русковска, туку е на линија на иста кривична одговорност за која се судеше Јанева за која денес слушнавме дека обвинителката Русковска давала непримерни изрази, вели Ременски.

Таа додава дека Русковска требало да се изземе уште на почетокот.

-Обвинителката Русковска знаејќи ја природата на нејзината комуникација со Бојан и имајќи ги на увид сите материјали кои сега се во рацете на Бојан, не само што требала самата да се изземе од јавнообвинителското постапување, туку да дозволи многу други лица да бидат сослушани во нејзиното обвинителство кои исто така тврдеа дека немале блиски релавии и комуникации со Бојан.
Криењето на сите овие работи и пропагандното брифирање на штета на други, а во интерес на други и себе си, сега ја исправа обвинителката Русковска пред сериозни аргументи за разрешување.
Еднаш кажав, а сега ќе повторам дека Русковска ќе заврши полошо од Јанева – затоа што судењето за блискоста и непрофесионалниот однос на Јанева со Бојан, сега и се враќа како бумеранг.
Очекувам јавниот обвинител Јовевски и сите надлежни да постапат по моите и други поднесоци, ако навистина сакаат да покажат дека оббинителите не се заштитени мечки и дека сите се еднакви пред Уставот и законите, истакнува Ременски.

Боки 13 најави дека увид во комуникацијата на неговите разговори со Русковска ќе може да направи републичкиот обвинител Јовески.

-Со застапникот на ова обвинение јас имам остварено вербална и пишана комуникација во мојот телефон. Лицето се водело по лична омраза и умисла, причините ќе бидат интерпретирани. Со лицето Вилма имам остварено комуникација која на ова усб ќе го доставам, ќе се види како Вилма ме информира за апсења и притвори на повеќе лица, ми дава информации за службени дејствија за да го искористи медиумскиот простор на тогашната 1тв. Во оваа комуникација ќе се видат и лични квалификации за одредени лица како постапувала Вилма. Вилма во пораките ме информира за апсењето на Стевчо Јакимовски и ми вели дека треба да пратам тв екипа, истакна Јовановски.

Поврзани новости