Ременски ќе ја бојкотира прославата во Собрание, бидејќи нема одговорност за крвавиот четврток

by fokus

Пратеничката Фросина Ременски, на својот фејсбук профил напиша дека денеска иако е Денот на демократијата, сепак таа нема да биде дел од прославата во Собранието. Ременски истакнува дека во законодавниот дом ќе може да се слави единствено по превземање на одговорност за „црниот понеделник“ и „крвавиот четврток“, кога и во двата настани беа нападнати пратеници од СДСМ.

-Денес е денот на демократијата. Се борам за неа и силно ја подржувам. Но, денес нема да бидам дел од прославата на денот на демократијата во Собранието на РМ.
Во Собранието може да се слави демократијата по одговорност за настаните од 24.12.2012 и особено по терористичкото загрозување на уставниот поредок на 27.04.2017 година!
До тогаш ќе работам и ќе зборувам дека, демократијата не е обично простување или заборавање, туку свест за етика, и свест и совест за одговорност и грижа за другиот!
Нека ни е честит денот!, нашиша пратеничката Ременски. 

Поврзани новости