Судењето за „Рекет“ се одложи, Боки 13 во „изолација“ во „Шутка“

by fokus 11:29
11:29

Денешното рочиште за случајот „Рекет“ се одложи, бидејќи обвинетиот Бојан Јовановски не беше спроведен од истражниот затвор „Скопје“, но и по барање на адвокатите, поради моменталната состојба со корона вирусот.

Јовановски не беше спроведен до Кривичниот суд, бидејќи пред два дена зад решетки почина 47-годишен притвореник, кој беше заразен со корона вирусот. Сепак и покрај тоа, вчерашното рочиште за „Рекет“ се оддржа.

- Advertising -

Адвокатот на Боки 13, Сашко Дукоски, во изјава за „Фокус“ реагираше дека денешното рочиште мора да се одложи, бидејќи се доведува во опасност животот на сите присутни во судницата. Тој потенцираше дека Јовановски користел иста бања со сега починатиот, и затоа е неопходно да се превземат сите мерки за заштита.

Наредното рочиште е закажено за 24 април, а судењето е пред самиот финиш.

Во истражниот затвор, пак, се земени брисеви од 30 притвореници, и се очекуваат резултатите.

В.В.

 

 

Поврзани новости