Разрешениот Вангеловски има осум дена рок да се жали, ќе одлучуваат неговите колеги

by fokus

Доскорашниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, има рок од осум дена, во кои може да поднесе жалба за разрешувањето од позицијата, одлука донесена од страна на Советот на јавните обвинители.

Жалбата Вангеловски треба да ја поднесе до Советот од судии во кој членуваат девет судии. Тројца судии ќе бидат избрани од Врховниот суд, уште двајца од судот каде што работел Вангеловски, односно исто од Врховниот суд и по еден судија со ждрепка ќе биде избран од четирите апелациски подрачја во земјава, (Скопје, Битола, Штип и Гостивар) во кои припаѓаат по неколку основни суда од градовите.

Советот за одлучување по жалба може да го потврди или укине решението за негово разрешување.

Барањето за разрешување на Вангеловски беше поднесено пред две години од невладината „Зелена лупа“, а за одлуката на Кривичниот совет составен од пет судии да го пушти од притвор бизнисменот Сеад Кочан кој тогаш беше во бегство.

Поврзани новости