Призма: Коце Трајановски се подновил со куќа, се сменил ГУП и ДУП за да гради во Керамидница

by fokus

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, се подновил со нова куќа, во скопската населба Керамидница, објави Призма.

Во истражувањето на Призма е наведено дека куќата е на два ката и според податоците од Катастар, има вкупна површина од 392 квадратни метри, заедно со подрумските простории и со терасите. Градежната дозвола за градба била издадена 31 март 2017 година од општина Гази Баба, во времето на градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Трајковски. Маркичката е добиена со промена на ДУП, исто така во време на градоначалникот Трајковски.

Иако Трајановски за Призма потврдил дека куќата е негова, всушност, не е директен сопственик, туку таа е во сопственост на фирма што тој ја купил минатата година заедно со својата сопруга. Компанијата се вика „Природна органска храна ДОО“ и на нејзино име се водат три катастарски парцели во Керамидница, со вкупна површина од 1.895 квадрати. На една од парцелите се гради објектот.

Целото истражување на Призма можете да го прочитате тука.

Фотографија- Призма

Поврзани новости