Пожарот во делчевско Пасјак зафати дел од куќите, населението евакуирано

by fokus 16:22
16:22

По 14 часот попладнево повторно се разви пожарот во маалото Пајсак во делчевското село Нов Истевник. Иако утрово гасеа хеликоптери на Армијата, поради ветрот пожарот веќе зафати куќи од горниот дел на селото. На терен се прави обиколка со трактор каде што е најизразен пожарот, а во меѓувреме населението е евакуирано во пониските делови на почетокот на селото.

На терен се пожарникари од Делчево, Берово, Македонска Каменица, припадници на Армијата, локално население, доброволци, Шумско стопанство кои учествуваат на негово локализирање. Ситуацијата е алармантна. Во моментот она што е најважно според учесниците во гаснењето е да се приклучат трактори..

- Advertisements -

Жителите кои ги сретнавме велат дека цел ден гори, а околу 15 часот се разгори. Глетката е страшна. Жителите меѓу себе се договараат да се вклучат со трактори во акцијата за гасење, бидејќи сите се испаничени. Мештаните ќе се вклучат и со рачно гребење со цел пожарот да не се спушти во селото. МИА

Поврзани новости