Починатите седуммина се на возраст од 44 до 83 години

by fokus 13:43
13:43

Според податоците од Министерството за здравство, шестмина од починатите се регистрирани во ГОБ „8 септември“ , а еден на Клиниката за инфективни болести.

-Починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години, велат од Министерството за здравство.

- Advertising -

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти, но и нови 89 заразени.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2315, бројката на оздравени пациенти е 1569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.

Поврзани новости