Починаа петмина заразени со Ковид-19, вкупно 169

by fokus

Покрај новите 175 заразени со Ковид-19, во изминатите 24 часа регистрирани се и петмина починати.

-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72г). Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје- пациентка (60г) примена на 5 јуни, пациент (64г) примен на 8 јуни и пациент (59г) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72г) примен на 30 мај, информира министерот Венко Филипче.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти.

– Скопје 12
– Штип 1
– Тетово 3
– Велес 2

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.538, бројката на оздравени пациенти е 1.682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.687.

Поврзани новости