По писмото на Јанева консултации во правда: Камбовски, Јовески, Ристевска и Калајџиев на средба кај Дескоска

by fokus

Министерката за правда, Рената Дескоска, на фејсбук објави фотографии од денешната средба на работната група за Законот за Јавното обвинителство, со кој треба да се реши и судбината на СЈО. Над фотографиите министерката напиша „Консултации за Законот за Јавното обвинителство на работната група“.

На средбата покрај министерката присуствувле и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, академик Владо Камбовски, обвинителката од СЈО, Ленче Ристовска, универзитетскиот професор Гордан Кајалџиев и уште неколкумина други.

Средбата на работната група доаѓа по вчерашното писмо на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која ги овласти обвинителите да ги предадат предметите на републичкото јавно обвинителство.

Министерката Дескоска вчера истакна дека ќе се направат консултации за тоа какво влијание ќе има наредбата на Јанева на одредени одредби во законот.

В.В.

Поврзани новости