По шест месеци зад решетки, сопругата на Верушевски од денеска оди во куќен притвор

by fokus

По шест месеци поминати во притвор во истражниот затвор „Скопје“, Апелациониот суд доцна попладнево одлучи да го укине притворот на сопругата на Зоран Верушевски, Соња Верушевска, која исто така е обвинета во предметот „Пуч“,  па и одреди мерка куќен притвор. 

„Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, доцна поладнево достави решение со кое жалбата на обвинетата Соња Верушевска изјавена преку нејзиниот адвокат , за укинување на мерката притовор се уважуваСо тоа решението на Кривичниот совет при Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, се преиначува и и се опредлеува мерка куќен притвор во траење од 30 дена, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Од судот додаваат дека на обвинетата и се забранува да го напушта домот, а надзорот за спорведување на мерката куќен притвор и се доверува на МВР.

Главната расправа за случајот „Пуч“ е закажана за 5 август, а судењето ќе го води судијката Љубинка Башеска. Сепак се очекува судењето да се одложи, бидејќи лидерот на СДСДМ, Зоран Заев, како еден од обвинетите, најави дека нема да присуствува на рочиштето бидејќи не го признава судот.

На обвинетите, меѓу кои се и Ѓорѓи Лазаревски и  Бранко Палифов, ќе им се суди за шпионажа, неовластено снимање и насилство кон највисоки државни органи. Иако дел од обвинетите се гонат за шпионажа, од обвинителството не посочуваат за која странска држава или служба наводно шпионирале, што според одбраната е доволен аргумент да падне обвинителниот акт.

Поврзани новости