По десетина дена на Инфективна градоначалникот Богдановиќ пуштен на домашно лекување

by fokus

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, откако беше заразен со Ковид-19, десетина дена се лекувал на Инфективната клиника.

-Поради позитивниот тест и мојата состојба со КОВИД 19, по препорака на докторите изминативе десеттина дена бев хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Веќе се чувствувам подобро и од вчера сум на домашно лекување, ги следам советите на медицинските лица и овие денови моите работни обврски ќе ги извршувам од мојот дом, напиша Богдановиќ на фејсбук.

Тој апелираше до сите граѓани да ги почитуваат мерките.

-Апелирам до сите: Почитувајте ги здравствените протоколи и препораките од надлежните институции, носете заштитни маски, одржувајте дистанца, водете сметка за личната хигиена, немојте да се групирате. Само со одговорно однесување и со почитување на сите мерки и препораки ќе го победиме ова опасно зло наречено коронавирус, истакна Богдановиќ.

Поврзани новости