По 1 Мај и Груевски и Заев ќе седнат на обвинителна клупа

by fokus 11:28
11:28

По пауза од месец и пол, во првите денови од мај на обвинителна клупа еден по друг повторно треба да седнат лидерите на двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, во случаите што се водат против нив во Кривичниот суд во Скопје.

На 3 мај закажано е рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, за кои меѓу 14 обвинети е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Наредниот ден, на 4 мај, закажано е рочиште за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. На 5 мај е закажано рочиште за случајот „Тврдина 2“ против поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и уште шестмина вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

- Advertisements -

Поврзани новости