Пасоши и лични карти со новото име на државата од следната година

by fokus 13:50
13:50

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува следната година да почне издавањето на пасоши и лични карти со новото уставно име на државата.

-Управувачкиот комитет во МВР континуирано работи на имплементација на проектот и очекувам дека многу скоро веќе ќе има конечен датум од којшто ќе почнат новите пасоши, изјави денеска Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање, при посетата на Полицискиот центар Ѓорче Петров.

- Advertising -

Важно е, дополни, што постоечките патни исправи и обрасци се употребуваат и државата има најдено начин за тоа до моментот додека да се направат новите и со самиот момент на можност за печатење и за имплементација на тој проект и ќе започнеме со тоа, така што, очекувам во 2021 година да започнеме со имплементација на овој проект, рече Спасовски.

Поврзани новости