ОМД вечерва ќе пали свеќи пред Канцеларијата за врски на Грција во Скопје

by fokus

Maкедонија памети. Бидете дел од едноминутниот молк во спомен на жртвите на бруталноста на грчката држава од поделбата на историска Македонија во 1912-1913 година, се вели во повикот на Обединетата македонска дијаспора за собир денеска во 19,30 часот пред Канцеларијата за врски на Грција во Скопје.

„Не дозволувајте Грција да ја избрише нашата историја. Бидете дел од креирањето на нашата сопствена иднина.

На 10 август 1913 година беше потпишан Букурешкиот мировен договор со кој Македонија по втор пат, за само две години беше поделена помеѓу сојузниците Србија, Бугарија и Грција.

Со Договорот за мир била извршена конечна поделба на териториите кои дотогаш биле под османлиска власт (Македонија, Косово и Метохија, Васојевиќи, Санџак, Тракија и Северен Епир).

Србија ги добила Вардарскиот дел на Македонија, Косово, дел од Метохија и од Санџак.

Грција го добила Северен Епир, Егејскиот дел на Македонија, дел од Западна Тракија, полуостровот Халкидики со Солун и бројни острови во Егејското Море.

Бугарија го добила Пиринскиот дел на Македонија, Струмица со околијата и дел од Западна и Источна Тракија.

Со распарчувањето во Букурешт, Македонија од централен и најзначаен дел на Балканот станала периферија и провинција на балканските земји. Веднаш потоа почнало асимилирањето на македонското население во Јужни Срби, Бугари, Славофони Грци и Албанци. Дури и во пребројувањето на жртвите и загубите од Балканските војни македонското име не се употребувало, иако војната главно се водела во Македонија„ се вели во соопштението на ОМД.

Поврзани новости