Одложено судењето за „Сопот“, клучниот сведок се појави со неважечка лична карта

by fokus

Судењето за случајот „Сопот“  кое требаше да продолжи со сослушување на сведокот Рамадан Бајрами е одложено бидејќи судот не можеше да му го утврди идентитетот. Имено сведокот пред судот приложи лична карта која е неважечка поради што рочиштето беше презакажано за 20 декември.

Клучниот сведок, Бајрами, врз основа на чиј исказ се темелат претходните пресуди на минатото судско рочиште прв пат и пред јавноста изјави дека исказот го дал под притисок.

Предметот „Сопот“ е отворен во 2003 година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа кога теренско возило на НАТО нагази на мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека во 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево-Сопот.

Без лична карта на неодамнешното судење за случајот со „насилството во општина Центар“, се појави и екс министерот Миле Јанакиески. Кога судијката им ги проверуваше генералиите на обвинетите, Јанакиески рече дека не ја носи лична карта. По ова, судијката му побара пасош, но тој рече дека патната исправа му е одземена од судот, по што судијката нареди да се обезбеди по службена должност за да направи увид во податоците.

Поврзани новости