Доцнеше почетокот на финалниот натпревар во Лигата на шампионите

by fokus 21:47
21:47

Финалниот натпревар во Лигата на шампионите ќе започне во 21.36 часот поради проблемите кои ги направија навивачите на Ливерпул.

Иако УЕФА како причина за двојното одложување на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул што треба да се игра на стадионот „Франција“ ги наведе безбедносни проблеми, медиумите објавуваат дека станува збор за тоа што неколку илјади навивачи на Ливерпул без билети влегле на стадионот, додека пред него има илјадници навивачи со билети кои повеќе од два часа чекаат да влезат на стадионот и да го гледаат натпреварот.

Пред стадионот интервенирала и француската полиција која во обидот да спречи да влезат без билети, употребила солзавец врз навивачите на Ливерпул иако меѓу нив имало и деца.

Поврзани новости