Од четврток угостителските објекти ќе работат до 21 часот

by fokus

Од четврток работното време на кафеаните и рестораните ќе биде до 21 часот, одлучи Владата.

-Денеска на седница на Влада, усвоивме предлог, од 21 јануари работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот. Следната недела откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот, напиша министерот за здравство Венко Филипче.

Поврзани новости