Обвинителката Фатиме Фетаи треба да сведочи на судењето за „Рекет“

by fokus 10:11
10:11

На денешното рочиште за случајот „Рекет“ предвидено е да сведочи обвинителката Фатиме Фетаи, која беше дел од тимот на веќе згаснатото СЈО.

На вчерашното рочиште пак сведочеше обвинителот Гаврил Бубевски.

- Advertisements -

Освен Бубевски и Фетаи, екс шефицата на СЈО Катица Јанева, за сведоци ги предложи и обвинителите Трајче Пеливанов, Ленче Ристоска и Артан Ајро.

Како што дознава „Фокус“, обвинителот Ајро ќе сведочи на затворено рочиште, односно без присуство на јавноста. Јанева за сведоци ги предложила и обвинителите Стевче Донев и Љубомир Лапе, но ги повлекла.

Во случајот „Рекет“, освен Јанева, која е во домашен притвор, обвинет е и Бојан Јовановски, кој се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“.

В.В.

Поврзани новости