Николовски: Ќе го продолжиме мандатот на СЈО

by fokus 17:02
17:02

СДСМ ветува дека ќе го продолжи мандатот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и ќе бараат отворање на специјално судско одделение.

-Од Ранковце порачуваме треба да има правда за сите и мора да има контрола на власта. Прво што ќе направме ќе го продолжиме мандатот на Специјалното јавно обвинителство, ќе го продолжиме рокот за истраги и ќе предложиме и ќе бараме специјално судско одделение коешто ќе постапува по постапките на специјалното јавно обвинителство за да секој, од бомбите и од прислушкуваните материјали одговара пред лицето на правдата и пред законот, изјави денеска во Ранковце, Љупчо Николовски, носител на кандидатска листа на СДСМ и опозицијата во изборна единица 3.

- Advertisements -

Поврзани новости