На Стефанова и истекол мандатот во организиран, се враќа во Радовиш

by fokus

Обвинителката Лиле Стефанова, наместо да се врати во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, ќе биде вратена на работа во Обвинителството во Радовиш. Советот на јавните обвинители констатирал дека мандатот во организиран и истекол, а дека во Радовиш и бил во мирување.

– Во однос на јавниот обвинител Лиле Стефанова е донесена одлука за престанок на мандатот во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Со оглед дека во однос на неа и изминал мандатот од 4 години кој е утврден со датум односно нејзиниот мандат во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, и престанал на 15 мај 2018 година – изјави претседателот на Советот, Ацо Колевски.

Сепак ова не значи дека Стефанова и понатаму нема да биде надлежна за дел од предметите кои ги застапуваше додека беше во СЈО, односно републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, може да ја делегира на досегашните предмети.

Петмина од обвинителите од СЈО ќе се вратат во скопското јавно обвинителство, каде што шефува Сашо Рајчев. Поточно, тоа се обвинителите Ленче Ристоска, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Трајче Пеливанов и Ајтан Ајро.

Петмина од обвинителите, вклучувајќи ја и Стефанова, ќе се вратат во внатрешноста, односно Елизабета Јосифовска во Гостивар, Стевче Донев во Кочани, Бурим Рустеми во Куманово, а обвинителот Љубомир Лапево Куманово или Крива Паланка, каде што беше в.д. шеф.

В.В.

 

Поврзани новости