МОН објави упатство за формирање на завршните оценки за учениците

by fokus

Министерството за образование и наука објави упатство до наставниците за тоа како да ги формираат завршните оценки.

-Доколку ситуацијата не дозволува учениците да се вратат во училниците до крајот на тековната наставна година, завршните сумативни оценки ќе бидат засновани на резултатите што ги постигнале учениците во текот на целата година, преку редовна настава, како и преку активното учество на онлајн платформите и мрежите, електронското портфолио или друго средство за бележење на трудовите на учениците, белешките водени од наставниците коишто можат да се добијат преку разни видиови размена на трудови што учениците можат да им ги обезбедат на наставниците преку е-пошта или во рамките на избраната мрежна платформа“, се наведува во упатството до наставниците за начинот на оценување на наставниците, објавено на веб- страницата Министерството за образование и наука.

Учениците од прво до трето одделеление ќе добијат описна оценка, а оние од четврто до деветто бројчана, како и учениците од средните училишта.

Поврзани новости