541
Министерoт за внатрешни работи Агим Нухиу предмалку истакна дека го осудува синоќешниот инцидент во Собранието, истакнувајќи дека структури на МВР не си ја завршиле работата за што најави дека ќе има одговорност.
-Инсистирав да се формира оперативен штаб, уште кога почнаа протестите. Имавме планови за три претпоставени ситуации. Кога протестите ќе бидат насилни, кога ќе се избира претседател на Собранието и кога ќе се избира претседател на Владата. Раководител на оперативниот шаб беше Митко Чавков. Но, се до 20 часот тој не беше достапен за мене, истакна Нухиу.
Тој појасни дека е разочаран што во МВР политиката има големо влијание, па наместо дел од вработените да ги почитуваат законите, тие постапуваат по наредба на политичките центри.