Мијалков и Канческа-Милевска денес на обвинителна клупа

by fokus

Во Кривичниот суд денеска ќе продолжат судењата за четири случаи на СЈО и тоа за предметите „Тарифа“, „Титаник 3“, „Тортура“ и „Тендери“. Исто така, со презентирање на смс пораки, треба да продолжи и судењето за 27 април.

Дејан Бошковски, поранешниот генерален директор на АД „Елем“ и уште две лица треба да седнат на обвинителна клупа заслучајот „Тарифа“. Во предметот станува збор за незаконска набавка на софтвер за потребите на „Електрани на Македонија“.

Во „Титаник 3“ на обвинителна клупа ќе се појават Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ кои се товарат за уништување на изборен материјал на локалните избори во 2013 година во општина Чаир.

„Тортура“ се однесува за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски во 2011 година. Обвинети се Сашо Мијалков, Ивица Антевски – Пуки и петмина припадници на единицата „Алфи“.

За случајот „Тендери“, првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“. Треба да бидат сослушани тројца сведоци.

Поврзани новости