Мигранти сместени како срдини: Во еден автомобил биле најдени 14 мигранти од Пакистан

by fokus

Во автомобил „ауди А6“ полицијата вчера пронашла дури 14 мигранти од Пакистан, кои најверојатно требало нелегално да бидат транспортирани. Според информациите од полицијата, автомобилот со мигрантите бил пронајден во 5 часот, на бензинска пумпа кај с.Удово, Валандово. Во возилото, покрај големиот број на мирганти, недостасувал возачот, кој најверојатно избегал.

-По извршениот увид на местото, во 06.00 часот возилото и мигрантите биле превземени од полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин „Богородица“. За случајот бил известен Јавен обвинител, по чии насоки возилото било задржано во Полициска станица за Граничен премин „Богородица“, а лицата биле предадени во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка. Инаку, на возилото имало регистарски таблици од товарно возило „Застава“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости