Кандидатите утре ќе потпишат дека ќе се однесуваат фер и демократски на изборите

by fokus

Државната изборна комисија соопшти дека кандидатите за градоначалници во сите општини во Македонија и град Скопје утре ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори.

Согласно член 8-в од Изборниот законик, учесниците во изборниот процес треба да го потпишат Кодексот.

Со Кодексот учесниците во изборите се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани на Македонија, дека ќе се придржуваат и активно ќе ги промовираат принципите на слободни и фер избори.

Поврзани новости