Камчев оди во “Шутка”, одреден му е притвор од 30 дена

by fokus

Бизнисменот Орце Камчев ќе биде спроведен во истражниот затвор “Шутка”, откако судија на претходна постапка му одреди притвор на барање на обвинителката Лиле Стефанова, дознава “Фокус”.

Притворот му е одреден во траење од 30 дена, а како осомничен во истрагата “Плацевите на Водно”.

Камчев утрово беше приведен откако Агенцијата за национална безбедност добила информации дека се спрема за бегство, по што го известила Обвинителството.

Случајот “Плацевите на Водно” ја отвори СЈО, односно обвинителката Лиле Стефанова.

Покрај Камчев, во овој случај осомничени се и Никола Груевски, како и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, Ратка Камчева, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.

Истрагата покажала дека Груевски со пари на партијата си купил плацеви во вредност од над 1,3 милиони евра.

В.В.

Поврзани новости