Камчев и Мијалков биле прислушувани како осомничени во „Империја“?

by fokus 14:27
14:27

Осомничените во најновата истрага на СЈО, „Империја“, биле под посебни истражни мерки, што значи дека најверојатно нивните телефонски комуникации биле прислушувани, но со наредба од судот, а за потребите на истрагата. Ова во своето соопштение го открива СЈО, по што може да се заклучи дека и обвинетиот за масовното нелегално прилушување, Сашо Мијалков, бил прислушуван, но на легален начин.

-Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост, се наведува во соопштението на СЈО.

- Advertisements -

Од Специјалното јавно обвинителство денеска информираа дека по спроведена опсежна предистражна постапка отворена е истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

В.В.

Поврзани новости