ЈП „Водовод“ планира да потроши 25.000 евра за подобрување на имиџот

by fokus 21:08
21:08

ЈП „Водовод и канализација“ планира да потроши 25.000 евра за рекламни услуги, односно за ангажирање на маркетинг агенција која ќе има задача да го подобри угледот на претпријатието. Огласот денеска беше објавен на Бирото за јавна набавка.

Според огласот, маркетинг-агенцијата ќе биде задолжена за осмислување и развој на комуникациска маркетинг и ПР-стратегија за подобрување на имиџот на „Водовод“, за креирање релевантна медиа листа, за испраќање соопштенија за медиуми, за уредување и пласман на интервјуа во печатени и електронски медиуми, за обуки за медиумски настап, за осмислување ТВ-спотови и реклами, за управување со социјални медиуми и ред други обврски поврзани со медиумите.

- Advertisements -

Поврзани новости