Италија од 4 мај постепено ќе ги укинува мерките за ограничување

by fokus

Според најновите податоци, во светот со новиот корона вирус досега се заразени вкупно 2.490.096 лицa. Од нив починати се 170.561, а оздравеле 653.231 луѓе.

Русија – Расте бројот на заразени – во изминатите 24 часа има 5.642 нови случаи на заразени. Вкупниот број е 52,763.

Германија – Германската Влада разгледува нов пакет законски мерки во областа на здравството поради пандемијата. Одложен е и Октоберфест.

Италија – До крајот на неделата ќе бидат објавен планот за постепено укинување на мерките за ограничување. Се очекува негов старт на 4 мај.

СЗО – Предупредуваат дека секое олеснување на мерките мора да биде постепено, бидејќи ако е избрзано – може заразата да избувне повторно.

САД – Во изминатите 24 часа од корона вирусот починаа 1.433 лица, со што вкупниот број на смртни случаи е над 42.000.

Поврзани новости