Холандскиот парламент и даде зелено светло на Македонија за ЕУ, се чека Франција

by fokus

Парламентот на Холандија даде зелено светло за отворање на преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ, јави албанската телевизија Топ канал.

Ова е одлична вест за Македонија, бидејќи на овој начин се деблокира еден од проблемите за конзенсус за добивање на позитивна одлука за отворање на преговорите.

Холандија и Франција беа двете земји кои одбиваа да дадат зелено светло.

Сега, останува уште Франција да омекне до претстојниот Самит на ЕУ, кој ќе се одржи на 25 јуни во Брисел.

Поврзани новости