Груевски побара од наследникот да ги казни и отстрани предавниците од партијата

by fokus

Никола Груевски на партискиот конгрес откри дека партијата изборниот пораз го доживеала бидејќи била предадена и од внатре, од свои функционери.

-Сепак, морам да издвојам една работа која мора да биде кажана, колку и да боли. И во моите средби со кандидатите за градоначалници, и оние кои победија и оние кои загубија, и во моите средби со претседателите на ОК, и на средбата со група ветерани на партијата, и во писмените матерјали кои пристигнаа од цела Македонија, од ОК и МК, за целите на оваа нализа, провејуваше, да не речам и доминираше зборот ПРЕДАСТВО. Чувството и информациите од сите страни беше дека по подолг временски период, голем број наши функционери, на различни нивоа, од различни мотиви и цели, извршија класично предавство на партијата, и тоа има значаен удел во крајниот резултат, истакна Груевски, кој додаде дека се сега се е јасно и дека ги знаат имињата на предавниците.

 

Новиот претседател и новото раководство не смее да го игнорира ова, потенцира Груевски и потсети дека ден порано, треба да превземе енергични мерки за казни и остранување на лицата кои постапиле несоодветно.

-Кој еднаш вака направил, пак ќе направи. Потребно е добро да се проверат сите факти и информации за некој да не настрада по грешка, но потоа треба да се делува без двоумење и одлучно. Исто така, потребна е замена на демотивираните и опуштените со мотивирани членови на раководни партиски места, истакна Груевски.

Тој додаде и дека и СДСМ водела операција „ВМРО“.

-Откривме и дека СДСМ имале операција со кодно име „ВМРО“, со претходно добиени списоци на наши членови и функционери по разни основи, и истите биле посетувани во три фази, од јуни до октомври.  Ваква провала се случува прв пат во последните 15 години.

 

Поврзани новости