Филипче: Во нашата земја ќе пристигне најскапата и најсофистицираната терапија за Ковид-19

by fokus 14:38
14:38

Министерството за здравство информира дека вчера испратило писмо до Европската комисија за резервација на најсофистицираната моноклона комбинирана терапија на антитела за третман на пациенти заболени од Ковид-19, со „коктел“ од „casirivimab” и „imdevimab”.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека кај нас е достапна целата терапија за третман на ковид пациенти, а дополнително ќе се набави нова терапија.

- Advertisements -

– Првпат во нашата земја ќе стигне најскапата терапија за ковид, т.н моноклони антитела, специфична за овој вирус. Во истиот момент кога ќе биде на располагање на европските земји, ќе биде и кај нас, истакна Филипче и додаде дека лекот ќе биде набавен со помош на кредитот од Светска Банка.

Поврзани новости