Филипче: Од октомври, учебната година со физичко присуство ќе почне за учениците од прво до трето одделение, под строги протоколи

by fokus

Првиот ден на наставата ќе почне со едукација за Ковид-19 и како учениците да се заштитат себеси и другите, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

Тој повтори дека наставата ќе почне со физичко присуство за учениците од прво до трето одделение.

– Имаме во предвид дека станува збор за месец кога луѓето се враќаат од одмори и се наоѓаат во затворени простории на работа, што е зголемен ризик фактор, а тоа може да ја влоши состојбата. Ова би се покажало по две до три недели, и тоа сакаме да го превенираме. Затоа учебната година се предлага со физичко присуство да почне со децата од прво до трето одделени и на оние кои ќе побараат да почне учебната година затоа што имаат помал број ученици и можат да организираат настава со физичко присуство, а за сите останати да биде онлајн – рече Филипче.

Тој потенцираше дека ги имале во предвид и искуствата од другите земји во светот кои почнаа со настава, а во кои се проширил вирусот. Филипче додаде дека наставата ќе се врши под строги протоколи.

– Протоколите за основните и за средните училишта се речиси идентични, има протокол за влез и излез, отворени се сите влезови. Се организира влез и излез во различно време. На влезот се поставуваат едукативни материјали за заштита од Ковид-19 – рече Филипче.

Поврзани новости