Експерименталниот лек „ремдесивир“ ефикасен при лекување на заболени од Ковид-19

by fokus

Најнова студија покажува дека заболените од корона вирус кои се лекуваат со експерименталниот лек „ремдесивир“ покажуваат брзи знаци на опоравување, објави Си Ен Ен.

Пациентите кои биле дел од клиничко истражување имале тешки респираторни симптоми и температура, но по примањето на лекот биле во толку добра состојба што за помалку од една недела биле отпуштени од болница.

Според најновите податоци, во светот со новиот корона вирус досега се заразени вкупно 2.185.298 лица. Од нив починати се 146.928, а оздравеле 553.323 луѓе.

Поврзани новости