„Диво Насеље” денеска пред Врховен

by fokus

Денеска во Врховниот суд треба да се одржи јавна седница за пресудата за случајот „Диво Насеље“. Предметот се најде пред највисокиот суд откако се поднесоа жалби против пресудата која пред две години ја потврди Апелацискиот суд во Скопје.

Со затворски казни осудени се вкупно 33 лица, а ослободителни пресуди добија четири лица. Судскиот процес се водеше за кривичните дела тероризам и терористичка организација.

Вооружениот напад се случи на 9 и 10 мај 2015 година и траеше повеќе од 20 часа. Животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а беа убиени и 10 членови на вооружената група.

Поврзани новости