Директорот на неврохирургија Чапароски ја помина ноќта во станица, во претресот пронајдени над 30.000 евра

by fokus

Директорот на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапароски, кој вчера беше уапсен по пријава од граѓанин за мито, вечерта ја поминал во полициска станица, дознава „Фокус“.

Дали денеска ќе излезе на слобода или директно ќе биде спроведен од притвор зависи од тоа дали обвинителот ќе побара ваква мерка, а судијата на претходна постапка ќе ја потврди.

Од Основниот суд Скопје 1 не информираа дека досега до судија на претходна постапка не пристигнал никаков предлог од обвинител. Од Обвинителството, пак, се уште чекаме одговор дали за докторот ќе се бара притвор или некоја друга мерка за обезбедување.

Како што дознава „Фокус“, при претресот во канцеларијата и домот на директорот Чапаровски била пронајдена поголема сума на пари, над 30.000 евра.

Чапароски вчера беше уапсен по пријава на граѓанин, односно тој пријавил во полиција дека му побарал 1.000 евра за издавање на потврда со која неговото малолетно дете требало да замине на лекување во странство.

 

Поврзани новости