Димовски за „Фокус“: Слушнав дека полицијата ме бара, знаат каде можат да ме најдат!

by fokus

Откако телевизија „Телма“ објави дека полицијата трага по пратеникот Љупчо Димовски, како осомничен во истрага за злоупотреби со земјоделско земјиште, и дека веќе уапсиле тројца поранешни министри и заменици за земјоделие, „Фокус“ стапи во контакт со Димовски.

Тој вели дека пред малку бил информиран дека полицијата го бара.

-Ми се јавија да ми кажат дека наводно полицијата ме бара, но тие знаат каде можат да ме најдат. Не знам за што точно сум осомничен, но сепак ќе го ангажирам мојот адвокат и ќе видиме за што станува збор, ни изјави Димовски, коментирајќи дека нема што повеќе да каже.

Телма објави дека четворица поранешни министри и заменици за земјоделие утрово се приведени во истрага поврзана со злоупотреби на земјоделска помош и издавање на државно земјоделско земјиште.

Во акцијата на одделоот за организиран криминал на МВР се приведени поранешните министри Ацо Спасеновски и Михаил Цветков, како и поранешниот заменик министер Кристијан Делев.

Во текот на денот се очекуваат повеќе детали за акцијата.

Валентина Вурмо

Поврзани новости