Милев и Дума ги вратиле бонусите во Буџетот

by fokus

Игор Милев и Виолета Дума, доскорашни членови на ДИК, веќе ги вратиле бонусите во Буџетот. Оваа информација се дозна откако Милев реагираше на новинарски текст дека само Александар Чичаковски ги вратил парите, односно ги донирал.

„Во врска со објавата дека не се вратени бонусите од другите членови на ДИК, информацијата и насловот не ви се вистинити од причина што постои доказ-уплатница дека Игор Милев и Виолета Дума ги вратија парите во буџетот, кое нешто им е познато и на вработените во ДИК, финансова служба и Министерство за финансии. Затоа информациите пред да ги објавите проверувајте ги а објавеното корегирајте го“, реагира Милев.

Членовите на ДИК си поднесоа оставки по обелоденување на скандалот од страна на американскиот амбасадор Џес Бејли кој откри дека на затворена седница членовите одлучиле да си поделат бонуси за спроведување на изборите.

 

Поврзани новости