Брнабиќ по упадот во РТС: Во иднина нема да толерирам вакво насилство!

by fokus

Српската премиерка, Ана Брнабиќ најостро го осуди упадот на демонстрантите во зградата на РТС и упати порака дека државата нема немера во иднина да толерира насилство.

-Најостро го осудувам насилството на Сојузот за Србијаи еден дел од учесниците на протестот кои упаднаа во зградата на РТС заканувајќи им се на новинарите и на уредниците на јавниот сервис. Овој вандалски чин на Ѓилас, Обрадовиќ, Јеремиќ, јасно покажува дека уште од првиот ден планираат да да предизвикаат нереди и на насилен начин да ја сменат легитимно избраната власт, рече Брнабиќ.

Премиерката додаде дека Србија демократска земја во која граѓаните имаат право да протсетираат на мирен начин и дека никој нема право да ги загрозува животите на новинарите. Таа порача дека нема да толерира вакво насилство и им се заблагодари на полицајците кои со професионалното делување спречиле поголеми инциденти.

Поврзани новости