Боки 13 на лекарски преглед во затворот, неизвесно судењето за “Рекет”

by fokus

Доцни стартот на денешното рочиште за случајот “Рекет”, бидејќи обвинетиот Бојан Јовановски се уште не е спроведен од истражниот затвор “Скопје”.

Како што посочи судијката Васка Николовска Масевска, Јовановски моментално е на лекарски преглед во затворот, по што ќе биде утврдено дали е способен да присуствува на рочиштето, на кое требаше да продолжи изведувањето на материјалните докази предложени од обвинителството.

На минатото рочиште Јовановски во судница кажа дека му е дијагностициран рак на желудник и уште еднаш побара да му биде укината мерката притвор.

Во судница е присутна екс шефицата на СЈО, Катица Јанева.

Поврзани новости