Богдановски по оставката: Се враќам на терен да ги спроведувам зелените политики

by fokus

Пратеникот на ДОМ, Мирослав Богдановски, си поднесе оставка од функцијата пратеник. Денеска во Собранието ќе биде константирана неговата оставка, а тој во изјава за „Фокус“ вели дека се враќа на старото работно место- главен инспектор во Град Скопје.

-Се враќам на старото работно место, се враќам на терен, за да ја споведеме зелената политика и да ја продолжиме борбата против загадувачите. Тоа е единствената причина за мојата оставка од пратеничката позиција, ни изјави Богдановски.

Тој додава дека како и во секоја партија, па така и во ДОМ, имало несогласувања.

Тие се засилија минатиот месец кога од потпретседателската позиција беше разрешенен токму Богдановски и Ана Петровска, директорка на Државниот инспекторат за животна средина.

Богдановски додава дека апсолутно ги поддржува политиките на оваа Влада и смета дека се на добр пат во спроведувањето на зелените политики.

В.В.

Поврзани новости