„Блумберг“: Кина лажела за бројот на заразени и починати од корона вирусот!

by fokus 08:56
08:56

Кина криела за големината на епидемијата во земјата и прикажувала некомплетни бројки на заразени и смртни случаи, се дознава од извештај на американските разузнавачи, јави синоќа „Блумберг“.

Изданието укажува дека официјалните лица се анонимни, и одбиле да дадат повеќе детали бидејќи извештајот е строго доверлив, но посочиле дека тој открива дека Кина во јавноста пуштала некомплетни бројки на случаи на заразеност и смрт од корона вирусот. Во извештајот се заклучува дека податоците што Кина ги давала се лажни.

- Advertisements -

Извештајот бил поднесен во Белата куќа минатата недела.

Кина прикажа околу 82.000 заразени лица и околу 3.300 смртни случаи, според податоци на институтот „Џон Хопкинс“. Во САД досега им речиси 213.000 заразени луѓе и над 4.750 починати.

Изданието укажува на извештаи за илјадници наредени урни со пепел во близина на мртовечници во провинцијата Хубеи, по што се појавил сомнеж во јавноста за бројките објавени од официјален Пекинг.

Дебора Биркс, имунолог и член на координативното тело на Белата куќа за борба со корона вирусот, изјави дека кинеските објави во јавноста влијаеле на претпоставките насекаде во светот за карактерот на вирусот.

-Лекарската заедница ги интерпретираше податоците од Кина на овој начин: ова е сериозно, но не толку големо колку што може да се очекува. Но најверојатно информацијата не беше комплетна, судејќи соред тоа што сега се случува во Италија и во Шпанија, изјави Биркс на редовниот брифинг во Белата куќа.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс истакна „она што сега е евидентно е дека светот научи многу подоцна од декември, можеби еден месец подоцна, дека Кина се справува со епидемија“.

-Тврдењето дека смртноста од корона вирус во САД е поголема отколку во Кина е неточно. И без да се коментираат доверливи материјали, болната вистина е следна: кинеската Комунистичка партија лажеше, лаже и ќе продолжи да лаже за корона вирусот за да го заштити режимот, изјави Бен Сес, млад сенатор републиканец од Небраска.

Кина не е единствена осомничена земја. Според изданието, случаите на коронавирус се прикриваат и во такви земји како Иран, Русија, Индонезија и посебно Северна Кореја, која нема јавено ниту за еден случај на заболеност. Постои сомнеж дека намалени бројки прикажуваат и Саудиска Арабија и Египет.

Поврзани новости