Ангеловска: Објавени се добитниците на домашната платежна картичка, издавањето ќе почне неделава

by fokus

Министерката за финансии, Нина Ангеловска на денешната прес конференција ги презентираше деталите за домашната платежна картичка. Таа истакна дека неделава ќе започне издавањето на картичката.

-Завршени се сите постапки и оваа недела започнува издавањето на истата. Изготвени се списоците, кои можете да ги видите на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, рече министерката Ангеловска.

Таа појасни дека потребно е граѓаните да го внесат само матичниот број, и да се најдат на листата. Картичките дел од банките ќе ги достават на домашна адреса, а дел ќе можат да се подигнат во експозитурите на банките. Граѓаните не треба да одат во банките и да прашуваат кога ќе можат да ја подигнат картичката, туку на веб сајтот ќе ги најдат сите информации за распоредот на издавање. Издавањето на картичките ќе заврши заклучно 18 јуни.

Министерката појасни дека ваква картичка ќе добијат над 324.000 граѓани, кои се поделени во четири групи. Целата мерка пак чини 28 милиони евра.

Поврзани новости