Ангелов за смената од директорската позиција: Нормално е да ме сменат, „Дрисла“ сега е Јавно претпријатие

by fokus

Градоначалникот Петре Шилегов денеска изјави дека Градот Скопје ја превзема депонијата „Дрисла“, а досегашниот директор Горан Ангелов ќе биде сменет. Ангелов беше поставен од доскорашниот концесионер на депонијата „ФЛЦ Амбиенте“.

Тој за „Фокус“ вели дека неговата смена е нормална, појаснувајќи дека градоначалникот шилегов во петокот го известил за смената.

-Нормално е да ме смени, јас сум директор на ДОО Дрисла, а сега е Јавно претпријатие. Во петокот имавме средба со него и ми најави за смената, така да чекам да ја предадам функцијата како секоја нормална и цивилизирана постапка на примопредавање, вели Ангелов за „Фокус“.

Депонијата девет години беше под раководство на италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“. Таа го доби тендерот во 2011 година, но не ги спроведе ветените 73 милиони евра инвестиции. Потоа град Скопје поведе постапка за враќање на депонијата, но имаше несогласувања меѓу Централниот регистар и градот за законитоста на постапката за враќање на Дрисла и процедурата се одолговлечи.

Директорот во заминување, Ангелов, како што јавија бугарските медиуми, бил содружник во компанијата „Блацион“ ООД во Бугарија и заедно соуште еден македонски државјанин Блаже Игнатов, извршиле нерегулиран увоз на 25 контејнери со отпад.

В.В.

 

Поврзани новости