Ангелов: Нема потреба спортските сали да ги користиме како болници

by Fokus 11:40
11:40

Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов во своето гостување во Студио 10 на ТВ 24 говореше за состојбата со корона вирусот во Македонија. Како што додаде тој, ситуацијата со пандемијата во нашата земја полека доаѓа во контрола.

„Нема потреба спортските сали да ги претвориме во болници. Ние имаме уште неколку приватни и државни болници кои можеме да ги пренамениме во ковид-центри. Ние имаме уште една приватна болница која може да биде искористена во ковид-центар. Имаме целосна контрола, верувам на нашите доктори“, смета Ангелов.

- Advertisements -

Поврзани новости