Ангелов ја потврди првата жртва на пожарите: Му изразувам сочуство на човекот кој ја изгуби сопругата во Челопек

by fokus 17:31
17:31

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, на денешната прес конференција потврди дека пожарите ја земаа и првата жртва, односно дека жената по која се трагаше во кумановско Челопек настрадала во пожарот кој ја зафатил нејзината куќа.

-Сакам да изразам сочуство на човекот кој ја изгуби сопругата. Страшно е тоа што се случи во кумановско Челопек. Куќите ќе ги направиме, дрвата ќе пораснат, но колку буки или борови вреди човечкиот живот? Затоа да се фокусираме на човечките животи. Државата ќе помогне да се направи нов дом, нов живот нема да се врати. Апелирам до сите граѓани кои ќе се најдат блиску до пожарите еднаш да бегаат, да се евакуираат. Човечкиот живот е бесценет, рече Ангелов.

- Advertisements -

Станува збор за 60-годишна жена, која не успеала навреме да излезе од својот дом.

Поврзани новости