По вчерашната средба на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, со амбасадорката на САД, Анџела Агелер, не престануваат реакциите на социјалните мрежи. Граѓаните забележаа дека Ахмети ја пречека Агелер само со македонското и американското знаме, односно од масичката беше тргнато албанското знаме.
Но, на масичката отстрана, до која седи вицепремиерот Артан Груби, сепак покрај македонското и американското знаме, стои и албанското.