Адвокатите на обвинетите за „27 април“: Кацарска направи преседан, осудените завршија во притвор, а гаранциите сѐ уште се на сила!

by fokus

Одбраната на осудените за „27 април“ реагира дека е направен преседан со притворот, односно по објавата на пресудата сите 15-мина осудени беа ставен во притвор, без претходно да се повлечат дадените гаранции.

Реакцијата во целост:

На ден 15.03.2019 година, Основниот суд Скопје 1 Скопје на чело со судијата Добрила Кацарска донесе пресуда со која изрече драконски казни за обвинетите во случајот 27-ми Април. По изрекување на пресудата судскиот совет на предлог на Јавниот обвинител Ивана Трајчевска за сите обвинети определи мерка притвор со што со донесените решенија за некои од обвинетите направи преседан во македонскиот правосуден систем, нешто што досега ниту еден судски совет го нема сторено.

Имено, јавна тајна е дека дел од обвинетите додека траеше судскиот процес беа пуштени да се бранат од слобда со гаранции кои беа прифатени не само од Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, туку истите беа и потврдени и од страна на Апелациониот суд Скопје.

За овие обвинети за кои беше определена гаранција, судијата Кацарска при донесување на решенијата  за определување на мерка притвор, намерно или случајно ја заборави изречената гаранција за истите. Така во донесените решенија за притвор таа вопшто не беше спомената па така сега имаме ситуација во притвор да се наоѓаат обвинети на кои истовремено од Апелационен суд им  уважи висока гаранција (на некои дури и до 800.000 евра) за да се бранат од слобода, А КОЈА ГАРАНЦИЈА Е СЕ УШТЕ ВО ПРАВНА СИЛА.

ОВА Е ВИСИТИНСКИ ПРЕСЕДАН ВО МАКЕДОНСКИОТ ПРАВЕН СИСТЕМ, НЕШТО ШТО НЕ Е ДОЗВОЛЕНО СОГЛАСНО ОДРЕДБИТЕ ОД ЗКП, ПА ЗАТОА И НИКОГАШ НЕ СЕ СЛУЧИЛО ДО СЕГА ВО МАКЕДОНСКОТО СУДСТВО, АМА СЕ СЛУЧИ ВО ОВОЈ СУДСКИ ПРОЦЕС НЕКОЈ ДА БИДЕ ПРИТВОРЕН, А ПРИТВОРОТ ДУРИ И МУ СЕ ГАРАНТИРА СО ГАРАНЦИЈА ОД НЕКОЛКУ СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА, НАВИСТИНА ЧУДНО, ЗА ПРАВНАТА ФЕЛА НЕРАЗБИРЛИВО.

Ваквата одлука на судот е во спротивност со одредбата од член 144 став 2 од ЗКП согласно која судот спрема обвинетиот истовремено може да определи повеќе мерки од ставот 1 на овој член, освен кога ќе ја определи мерката притвор.

Воедно, во Законот за кривичната постапка точно се определени условите кога веќе еднаш уважената гаранција може да пропадне или да се врати на лицето, а тој услов не е и не може да биде изречената првостепена судска одука за огласување на виновен за сторување на кривично дело и определување на првостепена казна за истото.

Така согласно член 153 став 1 од ЗКП положената гаранција ќе пропадне и на обвинетиот ќе му се определи притвор ако не дојде на уредно доставената покана и за тоа не го оправда изостанокот, ако побегне и ако го повтори или доврши кривичното дело или го стори кривичното дело со кое се заканува, а пак согласно член 152 од ЗКП гаранцијата му се враќа на лицето кое ја положило ако е донесена ослободнителна пресуда, ако обвинението се одбива или ако постапката е запрена, а ако со пресудата е изречена казна затвор гаранцијата се укинува дури кога осудениот ќе почне да ја издржува казната. Воедно и член 144 став 4 од ЗКП пропишува дека судот може да определи друга мерка за обезбедување на присуство тогаш кога обвинетиот не се придржува кон определената мерка за обезбедување на присуство.

Имајќи ги предвид дека сите обвинети секогаш присуствуваа на закажаните судски рочишта, никој од нив не се даде во бегство, не го повтори или доврши кривичното дело, а со оглед и дека не беше донесена ослободителна пресуда, ниту пак се одби обвинението ниту постапката се запре, а сеуште не е донесена ни правосилна судска одлука за да осудениот започне да ја издржува казната произлегува дека Решенијата  за определување на мерка притвор на обвинетите на кои претходно им е уважена гарнција за да се бранат од слобода се НЕЗАКОНИТИ.

За потсетување обвинетиот Сеад Кочан во случајот на СЈО ,,Труст“ исто така имаше уважена гаранција, па така кога првостепениот суд го осуди на казна затвор од 6 години, токму поради вложената гаранција истиот не беше спроведен во притвор, и покрај тоа што станува збор за познат македонски бизнисмен.

 

Поврзани новости